Николоски: Владата да не се занимаваше со крадење немаше да имаме 1.5 милијарда задолжување

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Владата да не се занимаваше со крадење немаше да имаме 1.5 милијарда задолжување

Владата наместо паметно да ги распредели парите од буџетот, таа ги распределува во други трансфери. Ова крадење или перење на пари е затоа што власта има интерес да се финансира себе си. Овие пари сакаат дискреционо да ги трошат со цел да го крадат народот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Јади Бурек“ кај Јанко на ТВ Сонце.  

Николоски истакна дека ако владата не беше раскалашена и не беше тргната кон крадење на народот, Македонија наместо да биде задолжена за милијарда ипол евра, ќе беше задолжена пет пати помалку.

-Во буџетот има трансфери. Трансфери за пензии, за плати, за здравство, за луѓе кои имаат потреба од социјална помош, за образование и постојат таканаречени други трансфери. Се оставаат друг дел од парите, значи владата неможе се да предвиди и се оставаат пари за другата година. Други трансфери во 2021 година се рекордни 641 милион евра - скоро дупло од капиталните расходи, а за овие други трансфери каде одат и кој ги добива одлучува повторно премиерот и Владата лично. Тука одат дотации до невладини организации, дотации до единици на локална самоуправа и до други субјекти со кои владата има добри релации. Значи 640 милиони евра се други трансфери во оваа 2021 година. Споредено со 2009-та тоа е повеќе за 295 милиони евра, споредено со 2011 година за 277 милиони евра или доколку ги направиме разликите само на други трансфери и на стоки и услуги и не се раскалашела владата, тука имаме за две години повеќе околу 600 милиони евра споредено со 2009-та и 2011-та година во кризните години и имаме уште околу 600 милиони евра од прилика споредено со истите години и доаѓаме до цифра од една ипол милијарда евра. Што значи дека само доколку не биле раскалашени и не биле тргнати на крадење за две години Македонија наместо да се задолжи милијарда и петстотини евра, можеше да се задолжи 300 илјади евра и да ја преброди кризата, појасни Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата