Дебитантот во Супер-лигата, Голден Арт КЛ7 во продолжение од сезоната ќе има ново тренерско име. Сега веќе екс-предводникот Андон Бошковски и челниците на клубот се разделија.

„Ракометниот клуб #ГолденАрт_КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски.

На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани.

Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, се вели во сопштението на клубот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RK Golden Art KL7 (@rk_goldenart_kl7)