Новиот тренер на тимот на ПСЖ, Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус. Веднаш по триумфот во суперкупот на Франција и успехот над Олимпик Марсеј вчера, тренерот на тимот од Париз на тестот беше позитивен.

Тој е веќе во изолација, нема да биде на клупата на ПСЖ на мечот против Ангерс, а кога ќе се врати точно во тимот не е познато.