ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД: Го видела Аркан на насловна, го засакала, а имала искривена слика за него

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД: Го видела Аркан на насловна, го засакала, а имала искривена слика за него

На денешен ден во 2000 година, во Белград беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан. Љубовта меѓу Цеца и Аркан се случила на прв поглед, а сè започнало кога пејачката случајно го видела својот иден сопруг, со кого уживаше само 7 години, на насловна страница во весник.

Судбоносниот момент помеѓу Цеца и Аркан се случил на 2 ноември 1993 година, во хотелот Интерконтинентал, каде таа веднаш му го привлекла вниманието.

Ним им се придружил и Оливер Мандиќ, кој ги ангажирал Цеца и Џеј да пејат на прославата на Српската доброволна гарда на 11 октомври 1993 година.

- Тоа беше љубов на прв поглед, нормално. Јас страшно се плашев од него и тој не ми беше симпатичен. Читав многу за него и имав искривена слика за него, рече Цеца.

Цеца и Аркан стапнаа на лудиот камен на 19 февруари 1995 година.  Жељко носеше црногорска народна носија, а Цеца српска. Аркан со колона од 60 џипови се упати кон Житораѓа  а потоа на шестиот обид  успеа да го погоди јаболкото, по што влезе во куќата на Величковиќ и ја зеде Цеца со себе, која најпрво ја купи од нејзината сестра Лидија. Таа  тогаш доби неколку илјади марки, како и златни часовници.

Црковната венчавка на Цеца и Аркан се одржа во црквата Свети Архангел Гаврил во Белград. Цеца носеше прекрасна бела венчаница со долг шлеп на црковната венчавка, додека Жељко носеше униформа на српски офицер со голем крст околу вратот.

Свадбата на Цеца и Аркан беше покриена од над 150 акредитирани новинари и фоторепортери, додека снимките од венчавката се најдоа на 560 телевизиски станици низ целиот свет.

Во декември 1996 се роди Вељко, а 1998 Анастасија.

На 15 јануари 2000 година, пред 21 година, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, каде што се венчаа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата