Заслужена казна за супер-ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, и тоа вредна 50.000 долари. Причината е во тоа што Ирвинг ги прекршил протоколите кои ги донесе раководството на НБА по повод пандемијата со Ковид-19.

Имено била организирана забава на која присуствувал и кошаркарот, на која тој не носел заштитна маска. На таа роденденска збава присуствувале 15 луѓе. Тој ќе биде карантин пет дена, и тогаш ќе биде тестиран. Ако биде позитивен јасно е дека нема да игра натпревари за својот тим, а ако не игра тогаш од Бруклин нема да зема плата. И нема да зема за оние натпревари кои досега ги пропуштил. Познато е дека пред една недела тој исчезна во непознат правец, дури ни тренерот не знаеше каде е.