КОСТАДИН ЌЕ СЕ ЖЕНИ - Ја запроси својата девојка Марија (ФОТО)

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОСТАДИН ЌЕ СЕ ЖЕНИ - Ја запроси својата девојка Марија (ФОТО)

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов ќе застане на лудиот камен откако објави дека ја запросил својата девојка Марија.

Костадинов радосната вест ја сподели на Фејсбук, со фотографија од раката на својата свршеничка на која се гледа прстенот.

-Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе.Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“ , напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Косстадинов доби многу чеситки, но останува кога и како овој чин ќе го обележат со свадба со оглед на тоа што рестриктивните мерки поради пандемијата се уште се на сила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата