Вејн Руни е поставен за прв тренер на Дерби, откако во овој тим работеше и како привремен стратег и играч. Оваа промена значи дека и официјално стави крај на играчката кариера.

Тој оваа сезона одигра 11 натпревари и постигна само еден гол, а од крајот на ноември негова главна работа е привремен тренер. Последен пат дресот на Дерби го носеше на 25. ноември минатата година како капитен во поразот од Милдсброу.

Руни забележа три победи, четири нерешени натпревари и два порази на девет меча во лигата какопривремен тренер. Под негово водство, Дерби на пет натпревари е без примен гол.

За време на својата импресивна играчка кариера, Руни играше за Евертон, Манчестер Јунајтед, ДС Јунајтед и Дерби Каунти, за Англија запиша 120 настапи и постигна 53 погодоци. Со Јунајтед беше пет пати шампион на Англија и еднаш шампион на Европа и на светот.