Прволигашот од Кратово е еден од малкуте наши клубови кои оваа зима дел од своите подготовки ќе ги одработи во Анталија. Во познатиот спортско – туристички центар, Силекс ќе престојува десетина дена каде ќе одигра неколку пријателски средби, како на пример со Шахтјор Доњецк, Арсенал Тула, Нови Пазар, се бараат спаринг партнери за уште некој ваков силен тест.

Сепак,за да се биде според протоколите на кои инсистираат турските власти, Силекс утре ќе мора прво да се тестира на Ковид -19 дома, а потоа во понеделник се лета за Анталија. Јасно е дека сите оние кои ќе бидат негативни ќе патуваат, додека оние, евентуално, кои ќе бидат позитивни ќе останат во Кратово. Во врска со преодниот рок Силекс ќе се обиде да ангажира уште едно ново име, во најголем дел кратовци работата си ја завршија во изминатите денови кога станува збор за играчкиот кадар.