Ден за рехабилитација во Каиро за македонската ракометна репрезентација по тешкиот пораз од Шведска на стартот на Мундијалот. Момците веруваат дека вчерашниот дуел беше само лош ден, и дека имаат што да покажат во продолжение на првенството.

Египет е домаќин, но има простор за подобро издание и максимална борбеност.

„Тажни сме после поразот од Шведска, но сметаме дека ова е само лош ден за нашиот тим. Се надеваме на добро издание против Египет. Очекувам нашата игра да биде на повисоко ниво, мора да играме подобро и подобро. Ќе се подготвиме добро за Египет, кој според мене е најдобар во нашата група. Тешко е да се игра против домаќин на едно првенство зошто ракометарите се дополнително мотивирани, но нам ни останува добро да се подготвиме“, изјави Жарко Пешевски.