Русија го напушта Договорот за отворено небо

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија го напушта Договорот за отворено небо

Русија ја започнува постапката за повлекување од Договорот за отворено небо поради недостаток на напредок во врска со отстранувањето на пречките што се создадени досега и кои ја попречуваат неговата функционалност, објави руското Министерство за надворешни работи.

Како што е наведено, веднаш штом ќе завршат сите внатрешни процедури, известувањето ќе биде испратено до сите други учесници во Договорот.

САД официјално се повлекоа од Договорот за отворено небо на 22 ноември. Во таа насока, Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Москва ќе побара цврсти гаранции од земјите кои остануваат во Договорот за отворено небо дека ќе ги исполнуваат своите обврски.

Вашингтон ги посочи „повеќекратните прекршувања од страна на Русија“ како причина за повлекување од Договорот.

Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и стана една од мерките за градење доверба во Европа по Студената војна.Тој е на сила од 2002 година и им овозможува на земјите членки отворено да собираат информации за воените сили и активности. Потписнички на договорот се 34 земји.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата