Дали знаете КОЛКУ КАФЕ ИСПИЛЕ ОМИЛЕНИТЕ „ПРИЈАТЕЛИ“ (фото)

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали знаете КОЛКУ КАФЕ ИСПИЛЕ ОМИЛЕНИТЕ „ПРИЈАТЕЛИ“ (фото)

Фановите на серијата „Пријатели“ знаат да ги ценат своите идоли, и честопати го следат секој нивни чекор.

„Пријатели“ е дефинитивно една од најпопуларните серии низ целата планета, а верен обожавател решил да ги анализира сите десет сезони на сосема необичен начин.

Имено, тој пресметал колку кафе пиеле актерите од култниот ситком.

Тој ги броел шолјите кафе што ги пиеле актерите од оваа серија во кафулето „Централ Перк“. Во 10-те сезони на серијата биле испиени вкупно 1154 шолји кафе. најмногу испила Фиби, 227, што е приближно едно кафе по епизода, а најмалку Рејчел 138. 

 

Ова не е прво необично истражување, имаше и друго слично.

Во пресрет на дваесетгодишнината од серијата, „Сајтишл Американ“ пресметал дека „Пријатели“ испиле вкупно околу 1.688 литри кафе и надвор од сетот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата