Британец кој фрлил 240 милиони евра во ѓубре БАРА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британец кој фрлил 240 милиони евра во ѓубре БАРА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА

Џејмс Хауелс (35) вели дека дискот на неговиот стар лаптоп содржи биткоини во вредност од околу 240 милиони евра, но е изгубен во депонија во Њупорт, Велс.

Хауелс вели дека тој и градскиот совет би имале корист доколку се дозволи собирање, но локалните власти одбиваат, бидејќи велат ископувањето ќе го прекрши законот и ќе предизвика проблеми со животната средина.

Тој вели дека го исфрлил уредот летото 2013 година додека ја чистел канцеларијата.
„Имав два идентични дискови и го фрлив погрешниот“, рече тој. Тој повеќепати апелираше до советот на Њупорт да помогне во пронаоѓањето на уредот и сега нуди 25 проценти од вредноста внатре.

Хауелс верува дека и по целото долго време поминато во отпад, дискот ќе работи.

„Начинот на кој работеше депонијата во 2013 година беше таков што кога главната корпа која беше со сериски број ќе се наполнеше, се фрлаше и се даваше нов сериски број. Затоа ако ми беше даден пристап до податоците за депонијата, ќе ја идентификував неделата кога го фрлив дискот и полесно ќе го идентификував серискиот број на корпата“, рече тој, пренесува „The Guardian“.
Претставничка на советот на Њупорт изјави дека Хауелс неколку пати ја барал да се копа во депонијата, но додаде дека тоа би чинело милиони и нема да има гаранција дека ќе се најде дискот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата