Во оваа држава до 2011 година ПИВОТО НЕ СЕ СМЕТАШЕ ЗА АЛКОХОЛЕН ПИЈАЛОК

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во оваа држава до 2011 година ПИВОТО НЕ СЕ СМЕТАШЕ ЗА АЛКОХОЛЕН ПИЈАЛОК

Сигурно веќе претпоставите за која држава станува збор! Сите знаат колку Русите го обожаваат алкохолот.

До пред неколку години, во Русија можевте да застанете во трафика да си купите пиво и да продолжите по патот кон работата.

Пивото можеше да се најде во секоја продавница, трафика, ресторани, едноставно секаде! Ако во продавницата имаше вода, тогаш имаше и пиво.

Значи, немаше никаков закон со кој би им се забранувало пиво на малолетниците. Секој пијалок што имал помалку од 10% алкохол не се сметал за алкохолен, туку за освежителен пијалок.

Законот беше донесен во 2011 година, но стапи во сила во 2013 година од тогашниот претседател Дмитриј Медведев. Се разбира, Русите не беа задоволни од ова, бидејќи сите знаат колку им се пие на нив.

Алкохолот е толку битен во нивните животи што тие земаат по две недели одмор за да ги прослават Божиќ и Нова година. Тоа е долг период на празнување, со многу алкохол.

Но, за жал, откако законот стапи на сила, тоа стана потешко.

Пред да забрани начинот на кој порано се пиеше пиво, бидејќи секако, секоја држава има правила за пиење алкохол на јавно место, државата одлучи да го зголеми данокот на пивската индустријата за 200%.

Но, дури и со зголемувањето на цените, пивото продолжи да се конзумира во исти количини и тука беа преземени мерки бидејќи се сфати дека проблемот не е ниската цена на пивото, туку лесниот пристап до него.
Државата одлучи да ги преземе овие мерки, бидејќи Русите пијат многу, и секако ова има многу лоши ефекти врз здравјето на целата популација.

Се проценува дека просечен Русин пие околу 16 литри чист алкохол годишно, а околу 500.000 смртни случаи секоја година се поврзани со алкохолот.

Сега законската возраст за пиење пиво е 18 години, но ако сакате да пиете нешто појако, мора да имате 21 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата