Бразилскиот фудбалер Денилсон Переира Невеш во 2006 година стана дел од Арсенал. Дојде од Сао Паоло.

Одигра дури 153 натпревари за Арсенал, но сега кога игра на Малта во дресот на Слиема, вели дека во Лондон воопшто не се чувствувал добро. Често бил во ситуација на депресија, но никому не го кажал тоа.

„Одење дома после натпревар пред 60 илјади гледачи беше за мене ужас. Дома бев осамен. Ќе се логирав на МСН и се надевав дека некој е онлајн и дека го гледал мечот, но никого немаше. Се тоа влијаеше на мене. Немав со кого да зборувам. Луѓето не гледаа како професионалци, забораваат дека и ние сме само луѓе“, рече Денилсон.

Тој почнал да паѓа во депресија, и за такво нешто никому не зборувал.

„Имаше денови кога се чувствував добро, и сакав да заминав на прошетка. Тогаш го гледаш депресивното време и се откажував. Многу се прашував: „Боже, дали ова е мојот живот“? Немаш со кого да зборуваш, немаш со никого да разговараш за ништо освен за фудбалот. Се мачев, но со никого не разговарав. Се задржував за себе“, изјави Денилсон.

Денилсон потоа се врати во Бразил. Играше добро за Сао Паоло, па потоа заминал во Емирати. Денеска игра за Слиема Вандерерс.