Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) ќе ги одмери силите против Шведска во првиот меч на Светското првенство.

ИХФ ги откри судиите за оваа средба, Норвежаните Јорум и Клевен ќе ја делат правдата. Делегат ќе биде Австриецот Рајсингер. Резервен судиски пар се сестрите од Франција, Бонавентура.

Македонија е во групата Г заедно со домаќинот Египет и нам добро познатиот противник Чиле кого во Скопје го совладавме двапати во рамките на подготовките.