Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

При полициска контрола синоќа во 20.40 часот на угостителски објект во село Горни Челопек било констатирано дека објектот работи и внатре има гости.

Сопственикот на локалот бил приведен во полициска станица, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

„ При контролата било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати 17 лица гости и сопственикот“ соопшти МВР.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата