Мисајловски: На Заев му е важен ПОЛИТИЧКИОТ ПАЗАР, а не пописот

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мисајловски: На Заев му е важен ПОЛИТИЧКИОТ ПАЗАР, а не пописот

СДСМ и Зоран Заев уште еднаш со ваквото однесување докажуваат дека на нив не им е важен пописот како статистичка операција, туку како нешто кое што во иднина ќе им овозможи пазарење со одредени етнички заедници во земјата, изјави во „Што не е јасно?” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски

Според него ваквото насилничко носење на законот говори за злоупотребата на европското знаменце и газењето на европските вредности и тоа е навредувачки за целата нација, бидејќи за вакви прашања треба да се има консензус од сите политички партии, бидејќи пописот е нешто кое што ги засега сите граѓани.

- Пописот треба да се реализира бидејќи државата навистина долги години немала вакво нешто, но тој не треба да се случи само поради тоа да пројде како момент или пак да се искористи со задни намери како што тоа сега го планира Зоран Заев, туку да даде сериозни и релевантни бројки врз кои ќе може во иднина да се темели градењето и напредокот на општеството”, додаде Мисајловски.

Тој додаде дека доколку пописот биде нереален, односно фингиран, што досега укажува дека ќе биде така, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифати резултатите од ваквиот попис.

- ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе го мобилизира членството, но и секој еден граѓанин кој исто размислува како нас. Едноставно на ваквите работи мора да им се застане на патот и да не се дозволи каубојско водење на земјата, заврши Мисајловски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата