Купување нов стан-долгорочна инвестиција

3.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купување нов стан-долгорочна инвестиција

На крајот на годинава, голем број луѓе веќе ги планираат потенцијалните инвестиции за следната 2021 година. Најпосакувани за многумина се недвижнините, но одбирањето на вистинскиот дом треба да биде многу внимателен процес, бидејќи се работи за долгорочна и скапа инвестиција.Дел од економистите советуваат дека вложувањето во стан или куќа е еден од најсигурните начини за да се зачува вредноста на парите. Познавачите на пазарот велат дека купената недвижност е најцврстата валута во секое време.

Во криза се инвестира
Во време на глобална пандемија, ниските каматни стапки за вложување на депозити во банки, несигурноста на малите бизниси, придонесоа поголемиот дел од граѓаните кога ќе дојдат до одредени финансиски средства да размислуваат да ги вложат во недвижен имот. При тоа сакаат да имаат доверба во компанијата, да се сигурни во квалитетот на градбата, во исполнувањето на сè она што би се ветило при постигнување купопродажен договор. Деловните банки во земјава нудат поволни станбени кредити.

Вложувајте во енергетско-ефикасни објекти
Купувањето нов дом не е само за денес, туку и за идните генерации и затоа е важна долгорочната заштеда на енергија и пари што ја овозможуваат енергетски ефикасните домови. Токму комплексот DreamLux се гради според највисоките градежни стандарди, со еко-материјали, кои гарантираат енергетска ефикасност на објектот. Тоа обезбедува: намалена потрошувачката на енергија, зголемена заштеда на пари и придонес кон заштитата на животната средина. 

DreamLux иднина за модерно домување
Брзиот и модерен начин на живот наложува да имате свој простор во кој ќе може да се повлечете на крајот од денот и целосно да се посветите на себеси. Одберете квалитет, удобност и модерен изглед по светски стандарди. Во уникатниот комплекс DreamLux на Би Холдинг во Тафталиџе  има квалитетни станови од 30 до 140 м2. Објектот гарантира модерно живеење по највисоки стандарди
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата