Ромелу Лукаку постигна еден гол на вчерашниот меч со Борусија Менхегладбах. Фантастично игра Белгиецот во последните две сезони во дресот на Интер, а за себе кажува дека ова е најдобриот период во неговата кариера.

„Јас сум само ден од 25 играчи. Тука има многу поискусни играчи од мене. Сакам да им помогнам, давам се од себе на секој меч, на секој тренинг да му помогнам на Интер. Овие една и пол година во Интер, се најдобриот период во мојата кариера. Благодарам на тренерот, на соиграчите, на сите во тимот“, изјави Лукаку.

Тој призна дека синоќа бил лут на некои одлуки на своите соиграчи, но дека, на крајот се добро се завршило за тимот кој останува во игра за пласман во 1/8 финалето.