После смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, и сенегалскиот фудбалер Папа Буба Диоп, уште една смрт го потресе фудбалскиот свет. Парагвајскиот фудбалер Едгар Аранда, почина на 34-годишна возраст од срцев удар.

Аранда пред две години ја заврши својата кариера во Индепендиенте, а поголемиот дел од кариерата го мина во Гуарани.

Играше како лев бек и лево крило.