Инстаграм модел и манекенка Пејџ Вулен е девојка по која многумина лудуваат, но се плашат да и пријдат. Причина е тоа што го работи.
Имени, таа им помага на жените да фатат партнерите кои ги изневеруваат.
26-годишната убавица од Калифорнија собра повеќе од 207 илјади следбеници на Инстаграм, а исто така чува и посебен профил на кој документира несоодветни и лигави коментари на мажи.
Манекенката го користи и својот изглед за да фаќа измамници, а неодамна откри и како започнала со тие постапки, пренесува „Индекс“.
Како што вели, забележала дека голем број мажи кои и праќаат приватни пораки имаат фотографии со девојки на своите профили.
Тогаш се прашувала дали тие девојки знаат дека нивните партнери испраќаат пораки до полуголи модели на Инстаграм, па затоа реши да им понуди помош на своите следбеници.
Испратила пораки во кои ги прашувала мажите дали би се согласиле да бидат во врска со неа.
- Изненадувачки, повеќето или не одговорија, или напишаа нешто грдо, а некои дури и ме информираа дека имаат девојка. Само неколку од нив излажаа и рекоа дека се слободни - објаснила младата девојка.
Но, таа наскоро фатила измамник.
- Мислам дека си симпатичен. Би сакала да се видиме, ако си слободен, се разбира - му напиша таа.
- Јас сум прилично слободен, дали имаш Snapchat? - одговорил тој.
Фатила уште неколкумина како лежат, а некои ја навредувале и ја нарекувале проститутка.