Кога во бугарското собрание се слушале овации за обединување на Македонците (ВИДЕО)

29.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога во бугарското собрание се слушале овации за обединување на Македонците (ВИДЕО)

Видео од говор на бугарскиот претседател Ѓеорги Димитров покажува историја меѓу Македонија и Бугарија сосема разлика од таа што сега сакаат да ја наметнат бугарските власти.

Во говорот во бугарското народно Собрание во 1947 година Димитров зборува за потребата од обединување на Македонците од обете страни на границата, за изучување на македонскиот јазик за македонските деца во Бугарија, за испраќање на македонски учители во Пиринска Македонија и друго, пренесува Експрес.мк

Од видеото може да се види дека не само што тогаш во Собранието немало противници на бугарската официјална политика туку дека Димитров добивал силни овации на сите негови тези.

Актуелните бугарски власти се плашат и се срамат од оваа историска вистина спротивна на нивната и прават се што можат да ја избришат од архивите и од официјалната историографија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата