Милан со 2:0 со головите на Ромањоли и на Кеси од пенал, уште во првиот дел, ја совлада Фиорентина. Милан можеше да слави и поубедливо, ако Кеси го реализираше и вториот удар од белата точка. Гостите од Фиренца на стартот само ја погодија стативата.

Милан со тоа направи пет бодови предност од второпласираниот Интер.

Во вториот меч, Болоња го совлада Кротоне со 1:0.