Возило излета од патот во Богданци, петмина повредени

29.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Возило излета од патот во Богданци, петмина повредени

Вчера околу 04.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20) од Богданци, се здобиле со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.  

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата