РЕПРИНТ: Заев 2018 година: И јас сум православен Албанец и Радмила исто! (ВИДЕО)

28.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РЕПРИНТ: Заев 2018 година: И јас сум православен Албанец и Радмила исто! (ВИДЕО)

Во февруари 2018 година, премиерот Зоран Заев се декларираше како православен Албанец. 

РЕПРИНТ: Премиерот Зоран Заев при неговата денешна посета на Тиквешијата ги прокоментира тврдењата на пратеникот на ДУИ, Брано Манојловски, кој изјави дека Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е православна Албанка.

-Точно е дека Радмила по баба е православна Албанка, но што има страшно во тоа? Па и јас имам православно Албанско потекло и по баба и по дедо. Уште од Илирите од Струмица кои примиле православна вера. Со текот на времето Словените, претежно насилно, не асимилирале и ни наметнале Македонски јазик. Но тоа е историја, јас простувам и заборавам, сега ќе градиме едно општество и живот за сите. – одговори Заев на новинарско прашање.

Заев додава дека православни Албанци има и во Грција и токму затоа му е олесната комуникацијата со грчкиот премиер Ципрас.

На Балканот живеат повеќе од 25 милиони православни Албанци, пред се во ФИРОМ, Грција, Албанија и Србија. Токму затоа лесно се разбираме со Грците. Груевски беше фашизоиден и етнички чист, а со таков човек не може да се преговара. – рече Заев.

Запрашан да изговори една реченица на Албански, Заев рече дека не го познава тој јазик.

-Мене Албански не ми е мајчин, туку пра-пра-пра-пра бабин јазик. Затоа не знам да зборувам. Но, не е важно како човек зборува, важно е како се чувствува. Јас се чувствувам како православен Албанец и што е тука проблем? – рече Заев.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата