Наполи повторно ја победи Ријека и се најде на чекор до пласман во 1/16 финалето на Лигата на Европа. Клубот од „Сан Паоло“ во емотивен меч исполнет со солзи поради смртта на легендарниот играч на овој клуб Диего Марадона успеа да ги освои трите бода.

Елиф Елмас беше стартер кај Наполи, а Дарко Велковски од првата минута играше во одбраната на Ријека. Но Хрватите беа немоќни на „Сан Паоло“. Со автогол на Анастасио и гол на Лозано домашниот тим победи со 2:0. Елмас играше до 69. минута, а Велковски цел меч.

Наполи е лидер во групата со 9 бода, Сосиедад е втор со 7 исто колку што има и АЗ Алкмар. Ријека нема бодови. АЗ и Сосиедад вечерва одиграа 0:0 во оваа група Ф.

А Ренџерс водеше со 2:0 против Бенфика. Но португалската екипа во второто полувреме успеа да спаси бод во Глазгов.

Тотенхем на домашен терен лесно и убедливо го совлада Лудогорец со 4:0…

Ова се комплетните резултати од денешните натпревари.