Костовски: КРИМИНАЛОТ ВО ЕУРОСТАНДАРД Е 110, не 60 милиони евра

26.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костовски: КРИМИНАЛОТ ВО ЕУРОСТАНДАРД Е 110, не 60 милиони евра

Трифун Костовски еден од сопствениците на Еуростандард банка, тврди дека криминалот во банката е 110 милиони евра, не колку што се тврди директорот на финансиската полиција Арафат Мухареми  60 милиони евра.

- Јас ќе ви кажам 110 милиони евра се во прашање, бидејќи и јас должам тука свои пари. Тука се и мои пари од почетокот на банката па до денеска, дури 55-60 милиони евра. А луѓе, говориме за криминал од 110 -120 милиони евра кои денеска ги нема. Не може да се сокрие трагата на парите – рече Костовски во емисија на ТВ 24.

Костовски рече дека не очекувал дека сето ова ќе се случува со банката.

– Верувајте ми, се колнам во се најмило, никогаш во животот, не сум посегнал по туѓо – рече тој.

Костовски повтори дека главен во криминалот е екс претседателот на УО на банката, Николче Петковски.

– Него го сменивме, а неговите врски, и со политичките структури, и со одредени банки, доведоа до ова дереџе. Со новиот УО, кој беше со амин на НБМ, со што ни даде логистика дека ќе не поддржи, тука не изигра НБМ.  Ги изигра и тие луѓе кои дојдоа како први луѓе на банката, бидејќи пред нив е кариера. И првиот момент, при неконституирано Собрание и Влада, завршени избори, да ја однесат банката во стечај, зошто – рече Костовски.

Костовски рече дека му е замрзнат имотот од судот.

– Замрзната е мојата приватна куќа, која е направена пред 30-40 години, и две стари возила од по 20 години. Значи не е голем имот, бидејќи се што јас имав, се вложив во банката. Имам неколку прашања до Муареми, бидејќи објективно се насочени само кон внатрешните структури на банката и кон акционерите, а јас отворено тврдам – јас говорам за организиран криминал. Тој не е на улица, туку тој е во институциите, значи политика, врзан со одредени бизнис структури – рече Костовски.

Според него, ако направеле докапитализација, НБМ ќе нашла друга закачка.

– Ова беше бидејќи новото раководство си ги прекина старите врски и стариот начин на водење на бизнисот, и одредени групи кои претходно беа вплеткани во носење на банката во стечај, ќе беа засегнати. Тоа е поширока група. Ова ќе бде тежок процес, јас стојам отворено, за се стојам отворено, ако нешто сум направил намерно или свесно, стојам на располагање, се ќе дадам, и пасош и земја, ама криминалот мора да се открие – рече Костовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата