Трансфер политиката на Манчестер Јунајтед последниве неколку години е и тоа како тема за голема критика во Англиската јавност. Се изнакупува играчи клубот од Олд Трафорд, а не освои ама баш ништо.

Затоа сега се размислува во клубот да биде доведен во моментов спортскиот директор на Евертон, холанѓанецот Марсел Брендс кој е исклучително ценет.

Неговата биографија е богата, затоа што беше дел и од екипите на ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар како и во РКЦ Валвијк, а во Евертон е од 2018 година. Тој е најзаслужен што во клубот во моментов се Хамес Родригез, Алан и Абдуали Дукуре.