Тотенхем на Жозе Мурињо продолжи со одличните настапи во Премиер лигата и со победа од 2:0 над Манчестер Сити го запоседна врвот на табелата. Лондончани одиграа мудро и искористи максимум од минималниот број шанси кои ги имаше на денешниот меч. Манчестер Сити доминирапше во нападот, имаше 20 шутеви кон противничкиот гол, но ниту еднаш не најде начин како да го матира Хуго Лори.

Спарси поведоа многу рано. Сон погоди уште во 5. минута за водство од 1:0, по што Сити успеа да погоди за израмнување, но голот на Лапорт беше поништен поради игра со рака.

 

Во вториот дел додека гостите притискаа, Тотенхем најде начин да го дуплира водството. Ло Селсо по асистенција на Хари Кејн погоди во 65. минута за 2:0 и со тоа како да го трасираше патот до шестата победа за позиционирање на врвот на табелата, барем пред одигрувањето на останатите дуели од ова 9. коло.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore