Реал Мадрид освои само бод во дуелот со Виљареал во 10. коло на шпанската Ла Лига. „Кралевите“ можат да жалат затоа што имаа водство уште од 2. минута со голот на Маријано, меѓутоа во второто полувреме Тибо Куртоа направи глупост кога излезе да спречи една акција на домашните но го собори противничкиот играч.

Судијата Хернандез покажа пенал по кој Жерар Морено го реализира за конечни 1:1.

Виљареал е втор на табелата со 19 бода, а Реал е четврти со 17 но има и меч помалку од нив. Лидер е Сосиедад со 20 бода.