Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз поднесе оставка поради часовник од 6.000 евра

3.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз поднесе оставка поради часовник од 6.000 евра

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнхард Гриндел, поднесе оставка под притисок на јавноста и навивачите поради часовник од 6.000 евра.

Тој доби скап часовник од потпретседателот на УЕФА, Григориј Суркис.

„Цената на часовникот е 6.000 евра. Кога го добив подарокот не знаев дека вреди толку, ниту каква марка беше. Се извинувам за прифаќањето на часовникот”, изјави Гриндел на прес-конференцијата.

Тој додаде дека со прифаќањето на подарокот од Суркис не дошло до конфликт на интереси.

„Суркис немаше финансиски интерес во ФС на Германија. И тој дури и не побара поддршка од мене за ништо. Ни порано, ниту после тоа “, рече Гриндел.

Оставката претставува крај на тригодишниот контроверзен мандат на Гриндел на чело на сојузот, јави дописникот на „Би-би-си“.

Навивачите го критикуваа кога тој одлучи еден натпревар неделно да се одигра во Бундеслигата во понеделник и го забрани воведувањето на пиротехнички објекти на стадионот.

Минатата недела, магазинот „Шпигел“ објави дека Гриндел не пријавил никакви дополнителни приходи, што тој мораше да го направи според законот, а сумата е 78.000 евра.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата