Неколку десетици противници на договорот од Преспа протестираа во близина на зградата на Владата на Република Северна Македонија, бидејќи не им беше дозволено да протестираат на Илинденска.
Со старото знаме на Република Македонија тие порачаа дека името на државата било и ќе биде Република Македонија и истакнаа дека Заев и Ципрас се предавници и побараа поништување на Преспанскиот договор.