Славниот Шон Конери почина денес на 90 години, а остана запаметен како врвен актер посебно во улогата на Џејмс Бонд. Тој до ден денешен е најомилениот Бонд меѓу фановите, а имаше и други забележителни улоги и освои Оскар за најдобра споредна улога (во Недопирливите), како и БАФТА за најдобар актер во филмот „ Името на Розата“.

Но Конери не бил само актер. Пред да се посвети на филмот и глумата, освен што работел како млекар, бил модел и учествувал на бодибилдинг турнири, играл и фудбал и голф.

Малкумина знаат дека Шон Конери  учествувал на Мистер Јуниверз, а исто така добил покана да игра за славниот Манчестер Јунајтед.

El día que Sean Connery rechazó jugar ¡para el Manchester United! | Noticias de El Salvador - elsalvador.com

Во 1952 година освен што работел како актер играл и за шкотскиот клуб Ист Фајв. Во тој период тој се уште се двоумел дали да продолжи да игра фудбал или да се посвети на актерството. Тогаш стигнала и понуда да игра за Манчестер Јунајтед.

Во сезоната 1951/52 Јунајтед под водство на шкотскиот тренер Мат Безби станал шампион на Англија. Во летото 1952 година, Безби сакал да вклучи млади фудбалери во првиот тим на Јунајтед, а за таа цел организирал турнеи на младинскиот тим на Манчестер Јунајтед низ Обединетото Кралство. Меѓу ривалите бил и Ист Фајв.

На тој меч Конери играл како лево крило, асистирал за два гола и го импресионирал Безби. По мечот тој му пришол на Шон и му понудил 25 фунти неделно да игра за Манчестер Јунајтед.

Шон размислував неколку денови и на крајот ја одбил понудата: „Мислев да прифатам затоа што го сакав фудбалот. Но сфатив дека можам да играм на врвно ниво до 30-тата година. Јас тогаш имав 23, значи немав многу време за професионална фудбалска кариера. Одбив и се посветив на актерството. Излезе дека тоа беше една од моите најпаметни одлуки“, раскажува Конери за својот обид да изгради фудбалска кариера.