НАПУШТЕТЕ ГО СОСТАНОКОТ: Српска министерка ИЗБРКА ДИРЕКТОР од состанок (ВИДЕО)

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАПУШТЕТЕ ГО СОСТАНОКОТ: Српска министерка ИЗБРКА ДИРЕКТОР од состанок (ВИДЕО)

Министерката за енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ, практично го исфрлила од средбата директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, и тоа помош на обезбедувањето.

Како изгледало, може да се види на видеото, во кое Бајатовиќ ја напушта собата, откако Михајловиќ му рекла да го напушти состанокот.

Во соопштението издадено од Михајловиќ се вели дека Бајатовиќ бил отстранет поради „непочитување на институцијата Влада на Србија“, но не е наведено за што конкретно бил опоменат.

Српскиот вицепремиер и министер за енергетика проф. Д-р Зорана Михајловиќ денес одржа состанок со директорите на јавни претпријатија од овој оддел, каде го презентираше својот тим во министерството и принципите на работа во иднина.

Михајловићева директорима: Рударство и енергетика стратешки важни, учинићу све да буду водећи сектор у...

Posted by Зорана Михајловић on Сабота, 31 октомври 2020

- Сакам да порачам дека како што се работеше досега, тоа нема да биде можно. Ова Министерство е место за консултации и договори за сите проекти и активности. Ние мора да работиме побрзо и поефикасно, особено во управувањето со проекти, да се знае што е ред што покаав со тимот во министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура. Се надевам дека сте свесни дека сте на одговорни позиции и очекувам одговорно да се однесувате, рече Михајловиќ.

Првата средба меѓу министерот и директорот беше бурна, па во еден момент Душан Бајатовиќ бил отстранет од состанокот, додека директорот на Транспорт, Стеван Дукиќ, не присуствувал на состанокот, поради што ќе биде повикан на одговорност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата