Шалке нижи лоши резултати и ја игра една од најлошите сезони во својата историја. По шест кола во Бундес-лигата има само два бода.

По ремито против Штутгарт, дојде до бројката од 22 меча без победа во домашниот шампионат, шест оваа сезона и 16 минатата.

Во центарот на вниманието по дуелот со Штутгарт се најде тренерот на Шалке, Мануел Баум, кој на необичен начин ја објасни ситуацијата во својот тим.

„Тимот е како шише кечап кое само што сте го отвориле. Се обидувате да го истиснете, но ништо не се случува иако шишето е олно. Тогаш имате нов план, го удурате на дното за да излезе кечапот. Ние сме оваа фаза, но еднаш кога ќе излезе ќе биде многу забавно“, изјави по дуелот Баум.

Шалке се на претпоследното место на табелата во Бундес-лигата пред Мајнц.