Македонската ракометна репрезентација од утре стартува со подготовките за квалификациските дуели за место на ЕП 2022 против Финска на домашен терен (04.11) и Швајцарија на гости три дена подоцна.

Денеска стручниот штаб заедно со ракометарите кои веќе се во Скопје направија Ковид-тестови, по што ќе почнат со тренинзи.

На пат кон Македонија се Жарко Пешевски, Мартин Томовски и Филип Кузмановски, а последни ќе пристигнат капитенот, Кирил Лазаров и Никола Митревски, двајцата се најавени за во недела, но со оглед на тоа дека патуваат веќе од понеделник ќе им се приклучат на своите соиграчи.

Брестовац направи промени во списокот од последното Европско првенство, на голот за овие мечеви ќе го нема Борко Ристовски, како и десното крило Гоце Георгиевски.

Во подготовките за дуелот со Финска и Швајцарија, предводникот на нашиот национален тим ќе смета на 18 ракометари.

 

Дуелот меѓу Македонија и Финска се игра со почеток во 20 часот, директен пренос ќе има на МТВ.