ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ: Молери спасија тинејџерка од пожар во Белград (ВИДЕО)

29.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ: Молери спасија тинејџерка од пожар во Белград (ВИДЕО)

Павле Гавура, е работник кој заедно со негови 4 колеги во вторникот од сигурна смрт спаси тинејџерка (15) чиј стан беше зафатен од пожар.

- Не размислувавме за нас, ни беше важно да го спасиме девојчето, кое за малку ќе изгореше на терасата. Фала му на Бога, успеавме и сега се надеваме дека ќе се опорави. Кога ја зедов во рацете, кожата и беше врела, рече дека се ја боли. И реков да не се грижи, дека е безбедна и дека е жива.

Ова го вели Павле Гавура за српск Курир. Тој и четворицата колеги со кои работел на фасадата на зградата во Дорчол во вторникот слушнале повици за помош. Без размислување, петте момци упаднале во зградата и од терасата на деветтиот кат, што е под оној кој горел, успеале да го извлечат девојчето кое скокнало во прегратките на Павле. Видеото од спасувањето ја воодушеви Србија, бидејќи да не беа Павле и неговите колеги - Лазар Ереш, Немања Држаиќ, Ненад Јанковиќ и Нико Давид - девојчето ќе беше живо изгорено.

Таа сега има изгореници на 30% од телото, па затоа ќе и треба трансплантација на кожа.

Павле кој го ризикуваше својот живот за да спаси некој друг, верува дека сите би го сториле истото.

- Не бев исплашен, а особено кога некој ќе побара помош од вас и кога сте во можност да спасите не размислувате за себе. Со мене беа колегите со кои сум секој ден и немаше потреба да се грижам, бидејќи сите знаеме како дише другиот. Бевме врзани со јаже, па дури и ако некој започнеше да паѓа, другиот ќе го фатеше. Мислам дека не сум херој, направив нешто што секој би го сторил - вели Гавура и додава:

- Луѓето ни пишуваат, добиваме пораки за поддршка, и тоа е убаво и пријатно, но би сакал сè што ќе ни понудат да биде насочено кон девојчето и нејзиното семејство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата