Беше тоа 2012 година, на стадионот во Лил „Пјер Моруа“ кога домашниот тим го нагости тимот на Валенсија во групната фаза од Лигата на шампионите. Судија беше Александар Ставрев, а француската екипа загуби 0:1.

Сега Александар Ставрев повторно се враќа на тој стадион, и ќе го суди мечот Лил – Селтик во рамките од Лигата на Европа. После осум години, на Ставрев му е доделена оваа улога.

А, тој мече беше еден од првите кои Лил ги одигра на својот нов стадион во европските купови, тогаш правен за ЕП 2012 година кое се одржа во Франција.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Неделковски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.