Голманот Амир Јашар, повеќе не е дел од Вардар Форино. Тој заминал од второлигашот, разочаран, откако не му биле исполнети обврските. „Удри“ и по управата на клубот, а на другите им порача да внимаваат каде одат.
„Поради неисполнување на обврските од страна на управата сакам да ве известам дека повеќе од еден месец не сум член на фудбалскиот клуб Вардар Форино. Премногу ветувања, празни муабети и манипулација од страна на управата.
Има играчи што зависат од тие средства со фамилии дојдени од различни градови и остаени да се снаоѓаат сами на себе, без храна и никаква финансиска поддршка.
Долго чекав,мислејќи дека ќе тргне на добро и одолговлекував да напишам дел од случувањата во клубот а ги има уште многу и уште полоши ситуации. Другари мои пазете каде одите и на кој луѓе верувате.“, напиша Амир на својот Фејсбук.