„Не ми беше сеедно“: Станија призна дека се исплашила кога го видела Кристијан Голубовиќ пред судот

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Не ми беше сеедно“: Станија призна дека се исплашила кога го видела Кристијан Голубовиќ пред судот

Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ не се сретнаа на суд, иако старлетата дојде во Србија од Америка токму поради тоа.

Не требаше да доаѓам во Србија од Америка до следната недела, но пристигнав порано затоа што имавме закажано рочиште минатиот петок. Сакав да сведочам иако знаев дека Кристијан ќе дојде во обвинителството истиот ден, но кога го здогледав додека седев во автомибилот, не ми беше сеедно. Преку мојот адвокат ги замолив надлежните органи да го одложат моето сослушување, бидејќи не сакав да се сретнам со него во судницата, признава Станија.

Ќе му кажам на обвинителот се’ што имам да му кажам, следната недела. Уплашена сум за својот живот затоа што сум навикната слободно да се движам на улица. Луѓето ме сакаат, одам на пазар и на многу други места. И секаде каде што одам, одам нормално, а сега морам да се вртам затоа што се плашам дека некој од неговите луѓе може да ме следи. Но, не сакам да зборувам многу за Кристијан Голубовиќ сè додека не дадам свој исказ во полиција и пред судот, заклучила Станија.

Нивниот конфликт трае веќе пет години, уште од реалното шоу „Фарма 5“ каде Станија победи , кога Голубовиќ побара од старлетата да му даде 12.000 евра затоа што тој наводно ги организирал своите гласачи да гласаат за неа. Откако му ги исплатила парите, примирјето траело три месеци.

Потоа Кристијан откри дека наводно имал интимна врска со Станија, на што таа му возврати со тврдења дека неговата ќерка наводно не е негово дете, за што тој јавно пред камерите во „Задруга 4“ и се закани со смрт. Станија поднесе кривична пријава против Кристијан за неговите закани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата