Почина принцот од Брунеи, познат по организирањето екстравагантни забави со најпознатите фаци

26.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина принцот од Брунеи, познат по организирањето екстравагантни забави со најпознатите фаци

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја.

Азим, кој бил четврти во редот за државниот трон во Југоисточноазиската земја, си создаде репутација во Холивуд како филмски продуцент, починал во саботата наутро.

Владата не ги открива причините за неговата смрт.

Втор роден син на султанот бил познат по тоа што организирал екстравагантни забави со славни гости, вклучувајќи ги Памела Андерсон, Џенет Џексон и Мараја Кери.

Тој продуцирал голем број филмови, вклучително и играниот филм „Не си ти“ во 2014 година со Хилари Свонк, градејќи кариера во филмската индустрија и покрај меѓународниот гнев кон неговиот татко поради драконските казни и закони во Брунеи.

Азим бил погребан во саботата, а нацијата почна седумдневна жалост, пренесува Си-Ен-Ен.

Лидерите на неколку соседни држави изразиле сочувство до султанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата