Јапонскиот возач Такаки Накагами пред неколку дена потпиша нов договор со Хонда, а денеска изненади со фантастичните квалификации и првата пол позиција во кариерата. Тој беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Теруел со време 1: 46.882 и за 0,063 пред Франко Морбидели. Трет ќе стартува Алекс Ринс победникот од претходната трка во Арагон.

А лидерот во Мото Гп шампионатот Жоан Мир ќе тргне од 12-тата позиција откако неговото време во квалификациите беше избришано поради излегување надвор од патеката.