По пост од два меча, екипата на Интер, конечно, освои три бода во Серија А лигата. „Нероаѕурите“ вечерва на гостувањето кај Џенова на нашиот Горан Пандев, успеаја да го скршат отпорот на противникот во финалниот дел од мечот, кога Лукаку и Д’Амброзио погодија за миланскиот состав.

Пандев ја почна средбата од првата минута, се обидуваше да ги притисне гостите, но Џенова немаше сили за подобар резултат. Нашиот најдобар фудбалер го одигра комплетниот меч.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore