СЕМЕЈСТВОТО ТРЕБА ДА КАЖЕ ДАЛИ ПОСМРТНО МУ Е НАПРАВЕН КОВИД ТЕСТ - некои медиуми тврдат дека Амди бил позитивен на корона

24.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕМЕЈСТВОТО ТРЕБА ДА КАЖЕ ДАЛИ ПОСМРТНО МУ Е НАПРАВЕН КОВИД ТЕСТ - некои медиуми тврдат дека Амди бил позитивен на корона

Денеска, на 64-годишна возраст, почина поранешниот пратеник и актуелен лидер на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

Министерството за здравство нема да објави дали на починатиот поранешен пратеник Амди Бајрам му е направен посмртен ковид тест и упати таа информација да се бара од неговото семејство. 

„Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во однос на одговор за ова прашање, ве молиме обратете се до фамилијата на поранешниот пратеник Амди Бајрам“, одговори Министерството за здравство.

Лидерот на Сојузот  на Ромите Бајрам, кој почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Тој веќе починат бил донесен во една приватна болница во Скопје.

Како што неофицијално дознава Фокус тестот на коронавирус на Бајрам е позитивен.

Иако резултатот покажал дека Бајрам бил заразен, неговата фамилија, како што неофицијално дознава Фокус, засега планира да прави голем погреб со сите церемонии.

Пред неколку дена, Амди Бајрам организираше раскошна свадба за својата внука Перјан во Турција на која присуствувале 600 луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата