Пауло Дибала и кај новиот тренер не е меѓу стартерите. Андреа Пирло засега му дава шанса од клупата, а италијанските медиуми елат дека дуелот со Динамо Киев е пресвртница за неговата иднина.

Ако добие шанса, тогаш би можел да остане во Јуве, но доколку Пирло се одлучи да го стави на клупата повторно, тогаш тој ќе бара „излез“ од Јувентус, односно да биде продаден.

Последен клуб кој пројави интерес за него беше Евертон. Карло Анчелоти го гледа како идеален партнер на Калверт-Луин, Хамес Родригез и Ричарлисон во нападот на „сините“ кои одлично ја стартуваа сезоната.