Скриен симптом на КОРОНА кој се крие во ушите: Дали го слушате овој звук?

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скриен симптом на КОРОНА кој се крие во ушите: Дали го слушате овој звук?

Некои пациенти кои боледуваат од ковид-19 пријавиле необјасниво губење на слухот или губење на слухот во комбинација со чуден шум. Тинитус е наизвот за оваа појава на необични звуци како ѕвонење, зуење, шиштење или пулсирање. 

Научниците ги предупредиле лекарите да внимаваат на знаците на тинитус затоа што тоа може да биде недоволно дијагностициран симптом на корона вирус. 

- И покрај значајната литература за ковид и различните симптоми поврзани со вирусот, недостасува дискусија меѓу ковид и слухот, истакнуваат научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон. 

Тие во извештаите напишале дека губењето на слухот и зуењето во ушуте се симптоми кои се забележани кај многу пациенти кои боледуваат од ковид-19 и грип. 

Сепак, само затоа што слушате дека „ушите ви ѕвонат“ не мора нужно да значи дека имате корона вирус. Тинитусот обично не е знак за ништо посериозно, а веќе постојат низа третмани за оваа состојба. Причина може да е дијабетесот, анксиозноста, па дури и земањето одредени лекови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата