Шахпаска: Иванов е против општество кое штити од дискриминација

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шахпаска: Иванов е против општество кое штити од дискриминација

Иванов е против професионализација на безбедносните служби и општетство кое штити од дискриминација, изјави денеска на прес-конференција во Собранието, пратеничка од СДСМ, Јагода Шахпаска.

„Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби. Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација.Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација“, рече Шахпаска.

И во последните денови од мандатот, вели Шахпаска, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.

„Од сето ова, добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност“, рече пратеничката.

Додаде дека граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата