Мексиканскиот претседател побара извинување за освојувања од 16 век од шпанскиот крал и папата Франциско

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мексиканскиот претседател побара извинување за освојувања од 16 век од шпанскиот крал и папата Франциско

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор официјално побара извинување од шпанскиот крал Фелипе Шести и од папата Франциско за шпанското освојување пред околу 500 години, пренесува РТ.

Во писмото се наведуваат масакрите што се случиле за време на шпанските освојувања на домородните народи во Мексико во текот на 16 век. Тој, исто така, посочува на принудното наметнување на католичката вера како и на кршење на човековите права од силите кои дејствувале во име на шпанската круна.

„Црквите беа изградени над храмовите, нашите патриотски херои беа екскомуницирани. Ќе се помириме, но прво бараме извинување”, рече Обрадор зборувајќи меѓу урнатините на еден антички мексикански град.

Шпанското Министерството за надворешни работи веднаш објави соопштение со која ја отфрли содржината на писмото на Обрадор.

„Пристигнувањето пред 500 години од страна на Шпанците на денешната мексиканска територија не може да се суди според современите размислувањ. Владата на Шпанија ја потврдува својата подготвеност да соработува со владата на Мексико”, се вели во документот од шпанската влада.

Шпанија во моментов е еден од најголемите извори на директни странски инвестиции во Мексико, но мексиканската влада допрва треба да го ратификува новиот договор за слободна трговија постигнат со Европската Унија во средината на 2018 година. Мексико, исто така, се гордее со втората по големина римокатоличка заедница во светот по Бразил.

Шпанското освојување почна со доаѓањето на Ернан Кортез во 1519 година, а моќната Ацтечка империја на крајот беше поразена, отворајќи го патот за 300 години шпанско владеење. Мексико доби независност по 11-годишната војна која заврши во 1821 година, по што во 1824 година стана федерална република .

Обрадор (65) дојде на власт во декември и одржува пријателски односи со централната левичарска влада на Шпанија од неговиот избор.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата