Првото женско патување во вселената е откажано поради проблем со големината на оделото

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првото женско патување во вселената е откажано поради проблем со големината на оделото

Првото вселенско патување на кое требаше да учествуваат само жени е откажано поради проблеми со вселенското одело, соопшти американската вселенска агенција, НАСА.

Ени Мејлајн и Кристина Коч требаше во петок да инсталираат литиум-јонска батерија на Меѓународната вселенска станица.

НАСА соопшти дека постои само едно вселенско одело со големина „М“ кое одговара на обемот на жените, пренесе „Би-Би-Си“.

Коч за два дена ќе замине на вселенско патување со својот машки колега, Ник Хаг, соопшти НАСА.

Меклејн за време на тренинзите сфатила дека средната големина најмногу и одговара. За да биде готов вториот костим, потребни се часови работи, па затоа НАСА одлучила дека е побезбедно да ги промени астронаутите, пишува „Би-би-си“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата