Неверојатен натпревар одиграа Хувентуд и Партизан во рамките на првото коло во Еврокупот. Тимот од Бадалона беше на прагот на поразот, но се издигна во последната четвртина и славеше со 85-82.

На другата страна „црно-белите“ имаат за што да жалат имаа позитива од 14 поени, во решавачките десет минути влегоа со плус десет, но не знаеја како да ги сочуваат. Ненад Димитријевиќ го најави кам-бекот на својот тим, во последната четвртина постигна шест поени и подели две важни асистенции.

На крајот македонскиот репрезентативец беше стрелец на 14 поени (2/2 за три, 4/9 за два, 0/1 за еден поен), за 20. минути во игра додаде четири асистенции и една украдена топка.